партнери
.
.
.
.

Додатоци за саламурење на месото со влажна постапка

 

Производствената програма на Ирекс Арома нуди неколку адитиви и додатоци за саламурење на месото са влажна постапка, зависно од саканата количина на прираст.

За прираст до 30% се препорачува производот под име MIOPHOS VS, којшто има јасно изразено дејство на способноста на месото да врзе вода, заради содржината на делотворната полифосфатна компонента.

Групата на додатоци на база на карагенан е развиена за примена во готвените саламурени производи од месо со средни до високи прирасти (30 до 100%).

Во рецептурата на сите адитиви е вградена натриумова сол на аскорбинска киселина заради своето долготрајно дејство, односно способноста поспоро да реагира со нитритот во водената смеса.

Додатоците се наменети за влажно саламурење на месото со постапки на вбризгување (инјектирање) или за сложени постапки, при механички третман во автоматските уреди, по пат на масирање или тамблирање.

Со употреба на додатоци на база на полифосфати и/или карагенан се зголемува способноста на саламуреното месо да врзе вода, се намалуваат количините на излачено желе, се подобруваат бојата, вкусот, структурата и конзистенцијата на готовиот производ.

 

Име на производот

Основен состав

Дозирање

MIOPHOS VS

Смеса на додатоци на база на полифосфати, антиоксиданти и шеќер

0,7 - 1,0%

MIOPHOS GEL

Смеса на додатоци на база на карагенан, полифосфати, антиоксиданти и шеќер

2,0 - 3,0%

MIOPHOS GEL MT

Смеса на додатоци на база на карагенан, полифосфати, растителни протеини и шеќер

2,5 - 3,0%

MIOGEL

Хомогена смеса на карагенан и декстроза - премикс

0,5 - 1,0%

MIOGEL MT

Хомогена смеса на карагенан, ксантан и декстроза - премикс

0,5 - 1,0%

MIOCOMPLET

Смеса на додатоци на база на растителни протеини, карагенан, полифосфати, антиоксиданти, шеќер и природни ароми

2,5 - 3,0%

MIOCOMPLET SK

Смеса на додатоци на база на карагенан, полифосфати, антиоксиданти, шеќер и природни ароми

3,0%