партнери
.
.
.
.

Пекарство

 

Постојаното воведување нови производи, со задржување на стандардниот квалитет спрема крајниот потрошувач, е комплексен процес. Широката палета современи производи во облик на прашок и крем и овозможуваат на пекарската индустрија не само сигурно производство, туку и можност за производство на пекарски производи со висок и делотворен квалитет, со користење на најнови техники и технологии. Истото тоа важи и за малите пекарници.

 

На база на резултатите од вакво меѓународно искуство, на пазарот се воведени  разни, многу интересни интернационални типови леб и печиво, што посредно доведува до промени, но и до стекнување навики за консумирање здрави и интересни производи.

 

Со својата целокупна активност, Ирекс Арома на големо им помага на пекарите и слаткарите во понудата на што поквалитетни производи на своите потрошувачи.

 

Со широката палета на производи успеавме да промениме некои навики на производителите и потрошувачите на леб и печиво. Новите производи кои се појавуваат на пазарот, со сигурност се резултат на напорната работа и труд за воведување нови идеи. Истакнуваме, не без гордост, дека со нудење на постојана соработка одигравме важна улога во ширењето на палетата на производи на пазарот, во кои се вбројува и на пр. функционалната храна, т.е. производи коишто покрај нутритивните својства, имаат и позитивно дејство на телесните функции на корисникот.

Сé поголемиот тренд на отворање на пазарот води до пазар без граници, што значи дека поедини специјалитети, како на пр. францускиот baguette или италијанската ciabatta, односно Vollkornbrot-от од Германија ќе можат да се набават во целиот свет. ИРЕКС АРОМА веќе е со години на тој пат и ја следи таа ориентација.



Групи на производи:

  •  Додатоци – подобрувачи
  •  Готови смеси
  •  Концентрати
  • Конзерванси
  •  Додаток за тестенини
  • Останати производи


Додатоци - Подобрувачи

 

Додатоците - подобрувачи во форма на прашок или како емулзии се користат за подобра технолошка обработка и подобрување на печивоста на сите видови леб, печиво...

Details...
 

Готови смеси

 

Готовите смеси се многу квалитетни и практични производи, кои значително го олеснуваат и скратуваат процесот на работа во производството, зашто сите потребни - важни состојки веќе се наоѓаат во наменската смеса...

Details...

 

Концентрати

 

Концентратите (смесите) се употребуваат за едноставно и брзо подготвување на разновидни пекарски производи со висока нутритивна вредност, квалитетни органолептички својства и продолжување на свежината и трајноста...

Details...

 

Конзерванси

 

Конзервансите се користат за спречување на расипување (кончавост, мувла) на пекарските производи...

Details...

Додаток за тестенини

 

Додатокот за тестенини се употребува за подобро поврзување на тестото и за намалување на кршливоста на тестенините...

 

Details...

 

Останати производи

 

Details...