партнери
.
.
.
.

Додатоци за формирање и стабилизација на бојата на месните производи

 

Додатоци, коишто при преработка на месо се употребуваат за развивање и стабилизација на бојата на саламуреното месо во производството на колбаси, производи од иситнето и фино иситнето месо, како и во постапките на влажно саламурење на месото.

 

Основната состојка на адитивите е антиоксидант на база на аскорбинска киселина за брзи постапки, односно натриумова сол на аскорбинската киселина за долготрајни постапки.

 

Аскорбинската киселина со своето редуцирано дејство влијае на смалување на нитритот во постапката на саламурење, односно го осигурува настанувањето на NO - пигментот, којшто ја дава посакуваната розова боја на саламуреното месо.

 

На побрза, попотполна и порамномерна разградба на нитритите влијаат и пониските pH вредности на производите од месо. Заради тоа, во рецептурата на адитивите е вградена и смеса на шеќер (моносахариди и дисахариди) и прехранбена органска киселина, којашто осигурува да во одредена фаза на постапката дојде до пад на pH вредноста и побрзо разградување на нитритите.

 

Име на производот

Основен состав

Дозирање

MIOCOLOR

Хомогена смеса на антиоксиданти и шеќер

0,3 - 0,5%

MIOCOLOR VS

Хомогена смеса на антиоксиданти и шеќер

0,3 - 0,5%