партнери
.
.
.
.

Средства за емулгирање и врзување на водата

 

Додатоците во форма на фин прав на база на белковини од соја, млечни белковини и скроб, се користат во разни производи од месо во зависност од својата функционалност.

Високо функционални емулгатори на база на соја кои се користат во готово сите видови прехранбени производи, природно се со светла боја, како и неутрални вкус и мирис.

Квалитетот на финалниот производ зависи од додадените белковини од соја во месните производи.

Кај месните производи со висок квалитет додадените протеини можат да се користат како алтернативен извор на протеини, а кај производите со понизок квалитет протеините можат да го зголемат својството на емулгирање на месните протеини и значително да го подобрат квалитетот на производите, без зголемување на трошоците на суровините.

Кај покрупните парчиња месо додатоците се применуваат за зголемување на способноста на задржување вода и создавање на поголема мекост и сочност на производите.

Додатоците на база на структурни протеини од соја се користат како протеински додаток во подготовката на јадења од месо и обликувано мелено месо, придонесуваат за развојот на структурата, како и стабилноста и прехранбената вредност на производите. Идеални се во комбинација со производи од мелено месо, како што се: хамбургери, плескавици, ќебапи, ќофтиња и слични производи, коишто се користат во угостителството и месната индустрија.

 

Име на производот

Основен состав

Дозирање

SOJA T

Брашно од соја - обезмастено

3,0%

MIOPROT U 75

Концентрат од протеини на соја

2,0%

MIOPROT HS

Функционален концентрат од протеини на соја

2,0%

IZOPROT S

Изолат на протеини од соја

2,0%

MIOPROTEX

Структурен протеин од соја

4,0%

EKO - BURGER

Смеса на структурни протеини ос соја

4,0%

JASKO FIX M

Природен пченкарен скроб

до 6,0%

KAZEINAT

Протеини од млекото

2,0%