партнери
.
.
.
.

Намаз со пиперка

 

Ниту еден излет, дворна забава и дружење не може да се замисли без намаз од пиперки.

Намазот може да се постави на маса како првокласен деликатес, оладен и зачинет со сенф. Лесно може да се употреби како умак и тоа со: компир салата, ладни предјадења, наресци и друго.

Тврдо варените јајца пресечете ги на пола, жолчките измешајте ги со намазот од пиперка и со таа смеса наполнете ги половинките од белката. Добивате освежителни полнети јајца, коишто се вистински деликатес.

 

 

Рен

 

Ренот е растение коешто, кога го јаде, кај човекот се предизвикува огномет којшто го тера на солзи. Коренот од ренот, кога се вади свеж од градината, се јаде само од Октомври до Февруари. Вака подготвен во тегла, може да се употребува секогаш кога ќе се посака. На пример, како топол умак со варено говедско месо.

 

 

Маслинки

 

Зелени маслинки

 

Маслината е посебно овошно дрво од Средоземјето. Зелената маслинка е футуристична и елегантна, било да лежи во плитка чаша со мартини или стои на врвот на богати и разновидни закуски. Маслинката поседува волшебност. На било која храна да ја ставиме, веднаш ќе го почувствуваме нејзиниот магичен вкус.

 

 

Црни маслинки

 

Нема ништо лошо во тоа што имаме навики, само што навиките треба да бидат добри. Една од таквите навики е таа да дома имаме црни маслинки. Тоа мало црно овошје во себе ги содржи вашите најубави спомени од Италија и Грција, од Шпанија и Португалија, како и од забавите на вашиот мал тревник. Како беа добри салатите со црните маслинки во нив...

 

 

Полнети маслинки со пиперка

 

Сите видови на полнети маслинки треба да ги имате на маса, ако сакате добро и забавно да се справите со сирењето. Малку сирење со чаша вино претставува културна обврска во многу земји. Но, не грижете се воопшто ако немате сирење – само да имате вакви маслинки!